На слепо

Езерскиот сообраќај во нашето езеро веќе неколку дена се одвива „на слепо“. Светилникот кој ги наведува бродовите, повеќе од три дена не е во функција.

 |  Мишел Наумоски  | 
svetilnik
светилник

Светилникот на Охридското пристаниште веќе неколку дена не функционира. Проблемите со електрониката ги натерале од Охридската капетанија светилникот да го стават надвор од функција. Во меѓувреме пловните објекти во нашето езеро се снаоѓаат кој како знае.

Стапивме во контакт со Љупчо Настоски-капетанот на Охридската капетанија кој не информираше за проблемот. „ Светилникот се сервисира веќе три-четири дена. Имаше проблеми со електрониката но тие проблеми би требало да бидат отстранети најкасно до задутре и светилникот ќе биде ставен во функција“-рече капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски.

Од охридската Капетанија сепак смируваат, немало никакви проблеми во одвивањето на езерскиот сообраќај. Поправката треба да биде завршена најкасно до петок кога светилникот ќе биде повторно ставен во функција. За среќа, во овој период од годината сообраќајот по нашето езеро е редуциран. Дозволите за пловење на охридските бродари се истечени, а бродовите се укотвени во Охридското пристаниште со што е намалена можноста за некаков инцидент.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top