Регистрирани неколку случаи на клинички грип

Зимата е период на настинки. Но, од центарот за јавно здравје смируваат.

 |  Наташа Размоска  | 

Ништо невообичаено за овој период од годината,вели првиот човек на центарот за јавно здравје. Регистрирани неколку случаи на клинички грип.

Зимата е период на настинки. Покрај ниските температури вообичаени за овој период, дополнителен проблем се и варијациите со временските прилики. За изминатиот период регистрирани се неколку случаи на клинички грип. Михаилов потенцира дека тоа не се вирусни случаи, туку станува збор за настинки со полесни симптоми, како што се главоболки, болки во зглобовите и слично.


Дополнително е отежната состојбата за ризичната група со зголемената влажност во воздухот. Како последица на маглата која го обви нашиот град имаме ниски температури, но зголемена влажност на воздухот. Михаилов вели дека можно е зголемување на бројот на настинати лица токму заради ваквите временски прилики. Во секој случај превентивната заштита вроди со плод. Со вакцинирањето голем дел од нашите граѓани се заштитени.

Сепак и понатаму препорачувам граѓаните да внесуваат повеќе витамини во овој период. Исто така, редовно да се мијат рацете и да се внесуваат повеќе течности, додава Михаилов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top