Владата ќе ги легализира дивоградбите, граѓаните дел задоволни, дел збунети

Предлог Законот за легализација на дивоградбите ги збуни граѓаните. Едни оваа владина иницијатива ја прифаќаат со воодушевување, а други со револт.

 |  Татјана Маленкова  | 
grad
град

Предлог Законот за легализација на дивоградбите ги збуни граѓаните. Едни оваа владина иницијатива ја прифаќаат со воодушевување, а други со револт.
Претседателот на Ок на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов вели дека ВМРО ДПМНЕ со овој чекор покажува дека  партијата е со народот и дека секогаш се прават напори за решавање на проблемите на граѓаните. Комуналиите за легализирање на дивоградбите ќе изнесуваат 1 евро за 1 метар квадратен. Тоа е сума која секој ќе може да ја плати, додава тој.

Михаилов додава дека се надева дека во иднина владата ќе предлага и носи вакви одлуки  кои ќе им го олеснуваат животот на граѓаните. „Во Охрид поготово цели населби се дивоградби, кои со оваа акција ќе бидат легализирани. Сметам дека подобра честитка на почетокот на годината не можевме да им подариме на граѓаните, додава првиот човек на ОК.
Додека ВМРО ДПМНЕ со гордост зборува за законот за легализација на дивоградбите, од СДСМ стигнуваат и првите негативни реакции. Тие велат дека доколку собранието го донесе овој закон, тогаш власта ги  дискриминира граѓаните. Дивоградбите ги прогласија за највисок облик на криминал и со законски измени овозможија нивна конфискација, која подоцна Уставниот суд ја укина. Три години подоцна се промовира Закон за легализација на дивоградбите по цена од едно евро за метар квадратен. Ова е целосно дискриминаторски за сите граѓани кои своите објекти ги изградија или ги градат по законски пат, неодамна изјави Стевче Јакимовски, градоначалник од редовите на СДСМ.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top