Ќе се гради потпорен ѕид на карпата над Музејот Робевци

Од охридскиот Завод и Музеј  годинава најавуваат завршување на голем број започнати проекти,  но и започнување на нови. Меѓу најавените проекти се стартот на изградбата на потпорниот ѕид, на карпата над Музејот Робевци.

 |  Валентина Неловска  | 
karpa
карпа

Од охридскиот Завод и Музеј  годинава најавуваат завршување на голем број започнати проекти,  но и започнување на нови. Меѓу најавените проекти се стартот на изградбата на потпорниот ѕид, на карпата над Музејот Робевци. Карпата која се  одрони  на почетокот од минатата година,  по расчистувањето и отстранувањето на над 30 м3 срушен материјал,  сега се очекува изградба на потпорен ѕид. Директорката на Завод и Музеј,Тања П.Бунташеска информира дека  „веднаш по завршување на Божиќните празници ќе започне изградбата на потпорниот ѕид кој ќе штити од понатамошно рушење на карпата над Музејскиот комлекс Робевци“.
BuntasheskaТања П.Бунташеска потенцира дека годинава очекуваат пари од ресорното министерството за реновирање на  куќите ставени под заштита на државата. Нивниот број е голем ,а приоритет ќе имаат оние кои се повредни и позагрозени вели Паскали Бунташеска. „Се надеваме да ги конзервираме индивидуалните куќи кои се во сопственост на приватни лица, а кои се прогласени како заштитени споменични добра“, нагласува Паскали Бунташеска.
Покрај овие проекти ќе се продолжи и со завршување на веќе започнатите фази на конзервација врз фрескоживописот во неколку цркви во Охрид како што се Св. Констатин и Елена, Св Никола, св Богородица Захумска и Сите Светии и во околните села Косел, Трпејца и Лешани.
Се планираат конзервации и на неколку објекти  во Струга, како што се Амамот, базиликата во Радолишта и  Спомен домот на Браќата Миладиновци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top