Загрозен статусот на работниците велат од синдикатот

На работниците им се скратија деновите за годишен одмор од 26 на 20.

 |  Валентина Нелоска  | 

На работниците им се скратија деновите за годишен одмор од 26 на 20.

Покрај тоа, повеќе нема да имаат увид во плаќањето на придонесите за пензии и здравствено осигурување, се озакони  неограничено време за работа во ноќна смена, се усвои можноста за прогласување на технолошки вишок и вработување веднаш некој друг, не се дозволува прекфалификација при променети услови.

Ова се некои од новините  во Законот за работни односи кои стапија нa сила пред 10 –тина дена. Со нив се кршат  правата на работниците, вели претседтелот на општинската синдикална организација Драган Цветаноски. Додава дека Законите треба да бидат применливи, а не да се носат на штета на работниците.

Од ССМ реагираат на овие измени, додава првиот синдикалец на општинската органзиација Цветаноски. Законските измени сега се ставени пред Уставниот суд и се очекува нивно поништување. Од ССМ укажуваат и на загрозувањето на животниот стандард на работниците поради покачувањето на трошоците на живот.

Просечната плата во земјава е 253 евра, од кои најголемиот дел се наменети за трошоците за прехранбените производи и услуги додава Цветаноски. Како што тој вели – иако Владата донесе зголемување  на  платите од 10 посто во јавната администрација и државните служби,  тоа не  ги покрива основните трошоци. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top