Настапи во земјата и странство како и промоција на македонското едрење во странство. Тоа се само дел од успесите на охридските и струшките едриличари во годината која е зад нас. Едриличарската Федерација на Македонија на свечената седница ги прогласи најуспешните едриличари во 2010 година. Покрај Димитар Поп-Стефанија, како најуспешен едриличар и Ердал Љушо , кој доби посебно признание за настапот на Светското младинско првенство во класата Ласер Радијал и девојките со забележителни резултати.
Така младата Ирена Грунче ја понесе титулата најуспешна едриличарка. Нејзина специјалност е класата „Европа“. Со големиот број настапи во земјата и странство таа го понесе приматот и титулата најдобра едриличарка за 2010 година. Македонија го доби и новиот промотор на македонското едрење. Тоа е младата Александра Заричин. Охриѓанката која студира во Италија, настапува на универзитетските регати во Италија и други земји. Прогласена е и за најдобра едиличарка на универзитетите во Италија. Претседателот на ЕФМ, Љупчо Поп-Стефанија задоволен од успехот на младите едриличари,
Поп-Стефанија потенцира дека учеството регатите за купот на Европа во голема мера ќе придонесе за подигање на квалитетот на нивната подготвеност.На последната седница на ЕФМ беше усогласен Статутот на федерацијата со промените на Законот за здруженија и фондации.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град