Христос се роди!


Денес се слави Божиќ, денот на Христовото раѓање. Верниците утринава ја примија веста за Рожденството Христово. Се примаше и светата причест.

 |  Мишел Наумоски  | 
Bozik
Божик

BozikСе празнува раѓањето на Спасителот во храмовите низ земјава, но и низ светот. Во црквите се пејат светите евангелија, луѓето му се молат на Спасителот за мир, здравје, среќа.

„Небото ја принесува ѕвездата на Бога, мудреците му принесуваат злато,ливан и смирна на младенецот, на Бога, земјата му принесува пештера, а ние на Бога му ја принесуваме Богородица, мајката Божја“ вели Отецот Диме од „Дебарско-кичевската митрополија.

BozikРаѓањето на Исус Христос треба да го избави човештвото од гревовите и да го издигне паднатиот човек. Светите молитви, мирисот на темјан кој се шират од секој храм допринесуваат за една вистински празнична атмосфера. Вториот по големина христијански празник се дочекува со богати трпези по домовите.

„Славењето на Божиќ не е одење на гости, празнување на една богата трпеза и јадење и пиење. Значи ние треба ако Земјата му принела пештера на Христа, богомладенецот, тогаш ние да му ги принесеме нашите срца, нашите души на Христа односно да ги отвориме нашите срца и Христос да се всели во нашите срца“-вели Отец Диме.

Bozik

Со желби за многу здравје, радост и среќа граѓаните го дочекаа овој голем ден, денот на Христовото раѓање. Бог му вети спасение на родот човечки и на овој голем празник се извршува таа промисла Божја.

Нека ни е честит Божиќ!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top