Струга ли е, Скопје ли е?

Техничка грешка, ненамерен превид или спора реакција на администрацијата во Општина Струга?

 |  Крсте Голабовски  | 
sednica na Sovet
седница на Совет Струга

Спора и задоцнета реакција на струшката општинска администрација. На последната седница на советот на општината, струшките советници наместо да гласаат за донесување на некои од ставките на предлог на буџетот на  општина Струга, всушност гласале за истите тие ставки, но за град Скопје. Претседателот на советот на Општина Струга, Џеваир Беќири вели дека не станува збор за некој голем пропуст.

budget

Беќири додава дека за грешката им било укажано од Секторот за финансии и дека станува збор за техничка грешка, па како таква и ја прифатиле. Претседателот потенцира дека речиси 4 часа расправале на таа седница за буџетот и не е дека не знаеле што гласаат. Регаираа дел од советниците, како и членот на комисијата на советничката група на ДПА. Координаторот на оваа советничка група, Сурија Рушити потврди дека станува збор за техничка грешка, која е резултат на тоа што обрасците се земени од град Скопје. Не се работи за целиот буџет, туку само за две ставки, кои се однесуваат на трошоците на градоначалникот, како и ставката која се однесува на капиталните трошоци, но оправдување нема, додава Рушити.

Од администрацијата велат дека  прблемот е во компјутерската програма и оти најверојатно се работи за техничка грешка. Дали станува збор за буџетот на Струга или Скопје буџетот на општината за 2011 година е проектиран на 13 милиони евра, од кои 7 милиони евра се од блок дотации  по одделни намени, ,а нема програма за капитални инвестиции. Најголемата ставка на буџетот, покрај ставката за плати на администрацијата во висина од 435 милиони денари, е изградбата и реконструкција на локалните  патишта која изнесува 40 милиони денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top