Жените со повисоко ниво на свесност за сопственото здравје

ЦИН 1 е состојба на мала промена на грлото на матката. Тое е мал предзнак дека кај жените каде е констатирана ваква состојба, треба да поведат сметка за своето здравје.

 |  Билјана Николовска  | 
na ginekolog
на гинеколог

Ginekologija StrugaРаното откривање на ракот на грлото на матката во денешни услови се пореално. Кампањите на Владата на Р. Македонија бесплатни гинеколошки прегледи и  ПАП тест  што се спроведуваа минатата година во многу допринесоа секоја жена да почне сериозно да размислува за своето здравје. Началникот на струшкото одделение за гинекологија Мухамед Асани вели дека здравствената култура кај жените во струшкиот регион е на многу високо ниво и ретко се среќава жена која досега не направила ПАП тест. Но, загриженоста кај дел од жените од првите резултати и откривањето на малите промени на грлото на матката, ЦИН 1 и 2, расте. Асани вели дека нема место за паника. Тој додава дека најголемиот број случаи со ЦИН-1 промени на грлото на матката спонтано се повлекуваат без терапија. Поради овој факт најдобро е прво да се направи колпоскопија а потоа пациентката да се проверува само со ПАП тестови без лекување. Асани сугерира дека многу важна е постпката и здравствената состојба во која се наоѓа жената пред да се пристапи кон земање материјал за ПАП тестот. Сите промени, почнувајќи од ЦИН 1 до ЦИН 3 со земање на ПАП тест не значи дека се 100% точни. Во 25% од случаите, имаме лажно позитивни или лажно негативни резултати. Затоа, треба да се направат дополнителни испитувања а тоа се: испитување за постоење на ХПВ вируси, биопсија на парчиња од грлото на матката и други имунолошки тестови. Сите испитувања пред да се донесе конечна одлука за начинот на лекување треба да се повторат на 4-6 месеци и тогаш да се донесе конечен заклучок, вели Асани. Тој додава дека не секогаш медикаментозната терапија дава успех и затоа треба да се слушаат советите на матичниот гинеколог, бидејќи за секое заболување постои лек.
na ginekologПрепораките се, сите жени во репродуктивниот период, без разлика на своите предрасуди, верски и други убедувања во интерес на своето здравје, здравјето на фамилијата, еднаш на две години да го посетат својот матичен гинеколог и да направат испитувања на грлото на матката, бидејќи погоре опишаните промени не даваат никакви знаци или предупредувања дека постои некое заболување. Тоа е скриена промена која што кога ќе ги покаже првите знаци, во многу случаи се смета дека е во понапредната фаза.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top