Отворени шахти, опасност за жителите на ул.Железничка, но и за сите учесници во сообраќајот. Месното население се жали дека двете шахти стојат отворени повеќе од еден месец. Никој не го променува заштитниот капак, кој е скршен и пропаднат во шахтата. Изреволтираните граѓани велат дека реагирале до надлежните на локално и државно ниво, но досега никој не нашол за сходно овој проблем да го реши. Оваа сообраќајница е доста транзитна, по неа поминуваат и тешки товарни возила. Доколку, некој се обиде да претекнува друго возило последиците можат да бидат фатални вели Борис Ристовски, жител на ул. Будва. Тој вели дека на своја рака на една од шахтите ставил хартија и ја подигнал повисоко за возачите да имаат поголема прегледност. Ристовски апелира до сите граѓани и надлежни институции, што побрзо да пристапат кон решавање на овој проблем.
Уште еден недостаток кој треба да се санира е делот каде улицата „Крали Марко“, се спојува со магистралниот пат. Граѓаните реагираа дека овде порано имало патека за инвалидизирани лица, која по реновирањето на улицата е заборавена. Ристовски потенцира дека на надлежните им нагласил дека тука живеат и лица со посебни потреби, меѓутоа никој немал слух за тоа и наместо патека, на таа локација изградени се скалила, кои овие лица, очигледно не можат да ги користат.
Се надевам дека надлежните институции конечно ќе реагираат, пред да се случи некоја трагедија, додава Ристовски. Тој апелира до министерството за транспорт и врски и до самиот министер, бидејќи оваа сообраќајница е под надлежност на државата. Изградбата на овој пат се одвива бавно и со потешкотии, но пропусти од ваков вид не смеат да се дозволат заради безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град