Се китат домовите со бадникови гранчиња

Се ближат Божиќните празници. Традицијата на бадниковото гранче продолжува.

 |  Мишел Наумоски  | 

Веќе почнаа да се продаваат на тезгите во градскиот пазар. Луѓето ги купуваат за мир, здравје и среќа на целото семејство.
Веќе започна продажбата на бадниковите гранчиња. Тезгите на градскиот пазар се преполни со вакви украсени дрвца.

Рајско дрво, дрво на кое бил распнат Исус Христос, со кое бил запален огнот во Витлеемската пештера кога се родил Спасителот и дрво кое ја претставува вечноста. Сето ова се симболи кои ги претставува бадниковото гранче кое во овие празнични денови може да се најде во сечиј дом. Се ближи и денот на Христовото раѓање кое според Јулијанскиот календар е на 7ми Јануари. Вечерта на 6ти е Бадник, кога традиционално со греана ракија и музика припадниците на христијанската вероисповест почнуваат да го слават раѓањето на Исус. Иако Бадниковата прослава се смета дека е паганска традиција, сепак сите припадници на христијанската вероисповест ќе го чествуваат предвечерјето на Христовото раѓање. На студено време и минусни температури овие божиќни украси се продаваат по симболична цена од 10 ден. Заработката од нив е минимална што само говори за фактот дека луѓето многу повеќе ги продаваат поради зачувување на традициите отколку за профит.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top