Нови моменти за несреќата во која од струен удар загинаа тројца стружани

Шанкот на пливалиште во Струга, кој одзеде три животи, затворен ден пред несреќата.

 |  Билјана Николовска  | 
sudenje
судење

Почна да се одплеткува клопчето за случајот со несреќата на 11 септември во која од електричен удар настрадаа тројца граѓани од Струга. Денес во Основниот суд, отпочна главниот претрес по овој предмет, со распит на тројцата обвинети Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце, како и на двајца сведоци Павлоска Марија и Чуркоски Ѓоко. Бранителот на Вранишкоски , Ставре Џиков рече дека на денешниот главен претрес се отвориле многу прашања во врска со стопанисувањето на објектот години пред несреќата, бидејќи ова место се смета за едно од најатрактивните во Струга. Џиков го пофали стручниот тим на судот во Струга, предводен од судијата Живко Аврамоски и верува дека со вакво водство на претресот, со сигурност ќе се дојде до вистината.
„Работите во врска со причините и евентуалната одговорност за несреќата, стануваат јасни“,  рече Димитрија Цобоски, бранителот на Јанески Гоце. Тој имаше низа забелешки на изјавата на сведокот Чуркоски, но очекува проширување на постапката.
Како што е познато обвинетите се теретат дека се сторители на тешки дела против општата сигурност врз луѓето. Обвинетите на денешниот претрес имаа можност да изразат сочуство до фамилиите на настраданите. Првообвинетиот Вранишкоски Цвете, рече дека сеуште е под стрес од случката и потенцира дека ниту еден од нив несакал да се случи овој немил настан. Миладиноски изјави, „ Незнам зошто сум овде, сеуште сум во шок бидејќи се работи за наши пријатели“. Јанески Гоце пак рече дека е згрозен  од трагедијата која се случи на 11 септември, бидејќи настрадале луѓе кои тој многу ги почитувал. Она што беше тема на главниот претрес е дека обвинетите кобниот шанк го држеле 4 летни сезони од 2007 до 2010. Првите две години имале договор под наем со Пливачкиот Клуб од Струга додека пак во 2009 и 2010 имале усмен договор со Емил Попоски, во кој се договориле за сите детали. Металната конструкција на просторот каде бил инсталиран шанкот била наследена, а обвинетите не ни знаеле дека во тој дел имало нестандардно изведена електрична инсталација, без уземјување, што тоа е констатирано во истражната постапка. Пазарниот инспекторат последна проверка направил во август 2010 год., но не го затворил шанкот. Инаку овој шанк, години наназад работел со исполнети минимум технички услови. Кобниот шанк имал сопствено електрично броило со осигурувачи и вечерата на 10.08 во 18 часот поради невремето од дожд нив ги исклучил Вранишкоски, сметајќи дека неможе да се работи во такви услови. Но, останува прашањето кој послужил пијалок и кафе утредента.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top