48 пакетчиња за децата од „Порака“. Познатиот македонски фудбалер Величе Шумоликоски специјално пристигна во Струга за Новогодишните празници. Тој го исполни ветеното, покетчиња за децата од здружението „Порака“. Шумоликоски вели дека секоја година подарува по нешто и ваквите хумани гестови максимално го исполнуваат. Додава дека не штеди за вакви пригоди, и додека може ќе помага.
Оваа практика не е само кај нас, вели Шумоликоски. Тој од хуманитарен аспект, пренесе дел од искуствата надвор од земјата.
Децата срдечно ги прифатија новогодишните пакетчиња од Шумоликоски, кој специјално за оваа пригода го имаше ангажирано Дедо Мраз да им ги подели. Соња Маџоска од „Порака“, рече дека оваа година можат да се пофалат со голем напредок во прифаќањето на децата во средината.
Шумоликоски рече дека не застанува само на овој хуман гест. Тој најави дека и во иднина ќе помага не само во Струга туку и воопшто во земјава. Тој смета дека реално постојат луѓе на кои помошта им е добредојдена и неопходна. А кога има зошто не.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град