Денес на градскиот плоштад започна новогодишната забава. Почетокот на оваа забава беше наменет за најмладите. Организирано се појавуваа претставници од скоро сите основни училишта. А, како спектакл и изненадување за дечињата беше доаѓањето на Дедо Мраз.
На градскиот плоштад веќе започна најавуваната новогодишна забава. Нејзиниот почеток резервиран за најмладите. Организирана беше претстава во која учествуваа сите дечиња од основните училишта, како и од детската градинка „ Јасна Ристеска “. Како спектакл и изненадување токму за дечињата беше пристигнувањето на дедо мраз. Со насмеани лица, најмладите уживаа во овој настан, но не и помалку повозрасните.
Гостин на овој настан беше и градоначалникот Александар Петрески. Тој им посака многу здравје, безгрижно детство и среќа на дечињата. Исто така , кажа дека е пресреќен поради големиот одзив на граѓаните.
„И покрај скромниот буџет ние дадовме се од себе оваа забава да ги расположи нашите граѓани“, вели тој. Петрески потенцира дека е чест да се живее во град како нашиот. Вети дека забавата со исто темпо ќе продолжи вечерва. На сите граѓани им посака подобра година од оваа која денес изминува. Се надева дека нареднава година ќе биде подобра, бидејќи годината која изминува беше доста тешка. Се заблагодари на сите учесници во овој настан како и на естрадните уметници кои вечерва ќе настапуваат скоро за без пари вели тој. Благодарен е што неговата поента е правилно сфатена и е среќен што охриѓани ќе имаат можност да уживаат во дочекот на новата година на градскиот плоштад. За крај им посакувам се најдобро на нашите сограѓани, и посакувам нашиот град и во иднина да е еден од најубаво украсените и најмногу посетен во годината која следува, порача Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град