Новогодишните тезги слабо посетени од граѓаните

Тезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад.

 |  Мишел Наумоски  | 
Nova Godina
Нова Година

tezgiТезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад. Дел од целата новогодишна атмосфера се и неизбежните тезги со новогодишен асортиман. Тезгаџиите кои продаваат таму крајно незадоволни. Се жалат на остварениот промет, велат дека продажбата е пониска од било кога. Оваа година се забележуваат повторно истите честитки, украси, сијалички. Продавачите не можат да остварат промет ни колку за да направат обрт на стоката. Се помалку граѓани застануваат на тезгите, а камоли да купат нешто. „Луѓето застануваат и буквално се ценкаат за роба што не вреди ни пет пари“-велат тезгаџиите. Локалната најави и дека ќе им обезбеди посовремени тезги токму за оваа намена, но засега од нив ни трага, ни глас. На само еден ден пред дочекот на Новата година, незадоволството на продавачите е повеќе од очигледно. Цената за тезгите останува непроменета од лани, а тоа е 5000 за десетина дена. Но, со незначителниот промет кој го остваруваат од своите тезги продавачите велат дека не се во можност да го збогатат својот асортиман. Во ситуација кога повеќето граѓани не можат да ги задоволат ниту своите основни потреби, останува прашањето колку тие воопшто можат да го почувствуваат новогодишниот дух.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top