Доживотен затвор за Живко Англески за убиството на својот брат

Во Основиот суд Охрид, денес епилог на грозоморното убиство кое пред една година го потресе Охрид. За убиството на својот брат Александар Ангелески, сега веќе осудениот Живко Ангелески ќе се соочи со доживотна казна затвор. На второосудениот Зоран Јовески, за кривично дело помагање при убиство, изречена му е казна затвор во траење од 12 години. На донесувањето на пресудата му претходеше крајот на доказната постапка.

 |  Крсте Голабовски  | 
gavel
гавел

sudenjeВо Основиот суд Охрид, денес епилог на грозоморното убиство кое пред една година го потресе Охрид. За убиството на својот брат Александар Ангелески, сега веќе осудениот Живко Ангелески ќе се соочи со доживотна казна затвор. На второосудениот Зоран Јовески, за кривично дело помагање при убиство, изречена му е казна затвор во траење од 12 години. На донесувањето на пресудата му претходеше крајот на доказната постапка.

И двајцата осудени, пред изрекуавњето на пресудата изјавија дека не се сторители на кривичните дела за кои се теретат. Одбраната и на двајцата сега веќе осудени незадоволна од изречените казни, како и од самиот тек на постапката. Што се однесува до самата постапка, Новаковски со големи забелешки. Тој запраша, дали воопшто и има докази со кои се поткрепува обвинението. Денес се прецизира обвинителен акт, само по однос на едниот обвинет, наводно за временскиот период на вршење на кривичното дело, во период од четири дена, додека второбвинетиот, кој веќе е осуден дека помаѓањето го направил ноќта на 30-ти. Самото тоа е максимално контрадикторно и страшно како системот се поигрува со чеовечките судбини, додаде Новаковски. Од одбраната со големи забелешки и по останатите моменти од постапката. Во завршното излагање, пред судијата Милчо Клишески, одбраната изјави дека со ниту еден директен доказ не се потврди ниту еден наод од обвинителниот акт. Така одбраната децидна дека со ниту еден доказ не било потврдено дека имало расправии меѓу двајцата браќа Ангелески и дека нарушените односи во семејството траеле подолго време.  Дури во изјавите на сведоците стои дека осудениот Живко се грижел за братот Александар кој имал проблеми со алкохолот. Новакоски со забелешки и барање за иземање како доказ на наодот од вештото лице психолог, бидејќи истито е изготвен во време кога осудениот се бранел со молчење.

Одбраната на второосудениот Зоран Јовевски, адвокатот Владимир Стрезовски посочи за наводните пропусти направени од страна на МВР, како што е одземањето на возилото, со кое биле пренесени посмртните остатоци на убиениот, дури 2 месеци после настанот, при кое Јовески не ни бил присутен, па со тоа не можел да придонесе за доставување на доказите во преткривичната постапка.

Инаку грозоморното убиство се случи минатата година во семејната куќа на Ангелески во период од 30. ноември до 3. декември. Живко најпрвин го удрил по глава неговиот помлад брат со тврд предмет потоа му нанел неколку убодни рани по телото и главата и на крај го искасапил мртвото тело на делови. Зоран Јовески пак му помогнал да ги транспортира деловите од телото до местото каде беа пронајдени, на патот кој води до Велестово.

Што се однесува до пресудата и двајцата адвокати на одбраната изјавија дека во секој случај ќе биде обжалена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top