Четири вработени во текстилната компанија „ Викторија – Фешн “ барајќи си ги своите основни права биле нападнати вчера од сопственикот. Вербалната расправија до која дошло во просториите на компанијата излегла од контрола и можело да заврши трагично.
Вработените само си ги побарале своите неисплатени плати по што следувало неочекувана реакција од страна на сопственикот Н.К. (28). Тој извадил стартен пиштол од своето биро и сакајќи да ги заплаши вработените испукал во воздух. Една од вработените Љ.У. (46) била нападната со дршката од пиштолот при што и е нанесена повреда во пределот на левото уво. Сопственикот сакајќи физички да се пресмета со вработената С.Р. (43) ја нападнал и ја истуркал од канцеларијата во која се одвивала оваа драма. Оваа расправија се одвивала околу 17 часот и 50 минути и истата е пријавена во полиција. Кај двете вработени кои се нападнати евидентирани се лесни телесни повреди. СВР информира дека откако целосно ќе се документира овој случај ќе биде поднесена соодветна пријава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град