Настаните од ваков карактер се секогаш добредојдени и ние секогаш ги подржуваме, вели директорката на ова училиште, Славица Илиќ. Секогаш излегуваме во пресрет на иницијативите на родителите, а денешниот настан е пријатно изненадување за нашето училиште, додава таа.
Со денешната акција собрани се 17 500 денари. Тие ќе бидат искористени за тековните потреби на училиштето. Ќе се потрошат за купување тонери и останати работи кои се неопходни за тековно работење на училиштето. Износот е симболичен, но многу значаен за нашето училиште, вели Илиќ. „Со овој настан докажавме дека доволна е само добра волја помеѓу советот на родителите и наставничкиот совет. Ова е уште еден доказ дека најмладите уште од најрана возраст ги стекнуваат вредните животни навики“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град