Почина Атина Бојаџи

По кусо боледување, во 66-тата година од животот почина легендарната македонска пливачка маратонка Атина Бојаџи.

 |  Маја Савиќ  | 
Atina Bojadzi
Атина Бојаџи

Atina BojadziДоцна синоќа во Скопје, на 66 години, почина македонската пливачка и воопшто спортска легенда, Атина Бојаџи. Целиот живот го посвети на пливањето и во 1962 година со победите на маратоните во Охридското Езеро и на патеката Капри-Наполи стана двократен светски првак и на слатки и на солени води.

Атина Бојаџи е првата Македонка која го преплива каналот Ламанш во 1969 година, потоа мотивирајќи и други наши спортисти да го направат истото низ годините. Воедно, Бојаџи останува запишана и во светската пливачка историја како првата жена на која ѝ успеал овој подвиг. Во 1998 година, Македонскиот олимписки комитет ја стави меѓу легендите со признанието „Великан на македонскиот спорт“, а „Утрински весник“ во 2000 година, ја прогласи за македонски спортист на векот.

Инспириран од нејзиниот успех и нејзината скромност, режисерот Александар Ѓурчинов во 1977 година го сними филмот „Исправи се, Делфина“, каде што и самата Бојаџи е еден од соработниците. Во главната улога е култната Неда Арнериќ.

Почивај во мир, легендо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top