Македонските убавини ќе бидат претстaвени во Утрехт – Холандија

Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда на холандскиот туристички пазар.

 |  Крсте Голабовски  | 
saem
туристички саем Утрехт Холандија

saemНа самиот почеток од 2011-та, најдоброто од туристичката понуда од Македонија, ќе биде претставено на еден од најголемите саеми за туризам во Утрехт. Веќе извесен период, на агендата на Агенцијата е промоцијата на туристичката понуда на земјава на холандскиот туристички пазар. Така во јануари следната година, агенцијата ќе настапи како директен учесник на овој саем и, од 11 до 16 Јануари  пред присутните туроператори и новинари ќе ги презентира македонските туристички потенцијали, вели директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Зоран Стрезоски.

„Од тој аспект ќе имаме свој штанд, во делот со медитеранските земји, но покрај тоа имаме една голема лепеза на активности. Организирање следниот ден на тој happy-hour со туроператорите и новинарите, каде ќе се дегустира македонското вино и храна, додава Стрезоски.

Zoran strezovskiОсвен дегустацијата на вино и храна, како и делењето промотивни материјали, присутните ќе може да уживаат и во македонската изворна музика. Што се однесува до претставувањето на земјава и нејзините убавини како туристичка дестинација, истите веќе интензивно се промовираат во Холандија во повеќе каталози на холандски туроператори, вели директорот Стрезоски. Додава, дека неодамна излезе и каталогот на еден од најзначајните холандскиот туроператор TUI Холандија за 2011 година во кои сe презентирани туристичките потенцијали и убавини на Македонија. Каталогот веќе се дистрибуира до потенцијалните туристи a како што информираат интересот за Македонија е се поголем.

„Мислам дека Холандија како таргетирана земја се повеќе ја открива Македонија и мислам дека се повеќе ќе се движиме кон подобро“, оптимист е Стрезоски.

Штандот на кој ќе биде промовирана македонската туристичка понуда ќе биде брендиран во цвено-жолта боја. Ќе бидат презентирани и субвенциите за холандскиот пазар што Владата ги определи за холандските туроператори за 2011 година. Стрезоски потенцира дека како резултат на овие и други активности кои се преземаат од аспект на промоцијата, оваа година се очекува туроператорот Corendon во Македонија да донесе околу 8000 туристи од Холандија кои ќе остварат околу 50 000 ноќевања. За таа цел од стрaна на овој туроператор веќе се закупени неколку хотели на Охридско-струшката ривиера.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top