Од нареднава година, треба повторно низ градов да осамнат филмските плакати. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ се надеваат дека ќе успеат да го вратат, можеби најефикасниот начин на најава и рекламирање на кино репертоарот и останатите културни настани. Сепак тоа, не зависи само од нив.
Од локалната велат дека доколку до нив биде доставено барање, истото ќе биде разгледано од страна на Одделението за урбанизам и додаваат дека потоа ќе се најдат соодветни локации за поставување на филмските постери. Освен пред самиот влез на Центарот, локацијата во близина на Охридската гимназија е единствената на која се рекламираат филмските остварувања кои доаѓаат во градов.
Пред десеттина години, освен локацијата која е во близина на Охридската гимназија, филмските постери можеа да се видат и на сред старата чаршија и тоа на две локации. Едната веднаш до „Радио Охрид“, а другата, наспроти денешно „Тобако“. Директорката на центарот, Драгана Боцевска, вели дека рекламните паноа се најдобар начин со кој жителите и туристите, може да се запознаат со филмскиот репертоар, а и останатите културни настани кои се случуваат во градов. Боцевска додава дека враќањето на рекламните паноа ќе биде еден од приоритетите на центарот во годината што доаѓа.
„Ќе се обидеме сега да доставиме барање до урбанизам тие места повторно да ни ги вратат, тоа во голема мерка ќе ни помогне во информирањето, бидејќи граѓаните многу сакаат да посетат некој настан, но не се доволно информирани“, вели Боцевска.
Од центарот се надеваат дека овој начин на реклама, посебно ќе биде ефектен за време на летниот период, кога туристите кои доаѓаат во градов ќе можат да видат, што им нуди кино репертоарот. Употребата на филмските постери датира уште од раните години на дваесетти век. Првично, се изработувале и ексклузивно се употребувале само од страна на кино двораните, кои го поставувале посебно нацртаниот постер за филмот кој се прикажувал. Во почетокот, биле и единствената реклама за филмскиот репертоар. Правило било филмските постери, да бидат вратени на дистрибутерот веднаш по завршување на проекциите. За некои филмови биле посебно изработувани филмски плакати, кои претставувале вистински уметнички дела. Често пати, некои од нив го наоѓале својот пат во рацете на колекционерите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град