За да не испадне дека само Кинезите победуваат на светските првенства во пинг-понг, Кина несебично одлучи да го сподели своето знаење и со земјите кои најчесто ги плескаат на најразличните натпревари.
Земјата има издвоено 22,5 милиони долари за изградба на објект за новата Академија за пинг-понг во Шангај, што треба да почне да врши упис на странци од септември идната година. Пинг-понг курсот ќе трае четири години.
Тренери на академијата ќе бидат Лиу Гуолиан и Ше Џихао, кои беа тренери на шампионските репрезентации на Кина на Олимпијадата во Пекинг, кога Кинезите ги освоија сите медали во пинг-понг а јавностa се шегуваше дека тоа е спорт со најодредени резултати.
Противниците на идејата Кина да тренира странци, прашуваат дали и Бразил ќе треба да тренира Кинези да играат фудбал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град