Депресијата е на високо, второ место по бројот на заболувања. Стручните лица предупредуваат- внимавајте на промените во однесувањето на најблиските, тие можат да бидат знак за ментално растројство.
Современиот, динамичен начин на живеење го зема својот данок- депресијата како заболување е се почеста. По кардиоваскуларните болести, се наоѓа на високото второ место.
Од страна на стручните лица, токму депресијата се наведува како една од причините за зголемувањето на бројот на самоубиства.
Според д- р Јулија Василеска, психијатар, ова заболување е резултат и на меѓусебната негрижа. Советува- обрнете внимание на однесувањето на вашите најблиски. Секоја поголема промена во функционирањето на поединецот може да е знак за ментално растројство.
„ Тоа значи, ако постои било каква промена во функционирањето на поединецот, односно ако се менува неговиот стил на живеење“, потенцира д- р Василеска и додава: „ Внимавајте ако личноста се повлекува, кај неа не постои интерес за случувањата во околината, има проблеми со сонот, телесната тежина, пушењето и алкохолот- сите тие се знаци за појава на ментално растројство“
Доколку се забележат вакви промени, најголемата подршка треба да пристигне од членовите на семејството. Со нивна и помош на стручно лице депресијата може успешно да биде излекувана.
Д- р Василеска потенцира дека полека, но сигурно се надминуваат досегашните предрасуди во однос на посетувањето психијатар. Бројот на лицата кои се обраќаат за помош- е се поголем.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град