Граѓаните имаат сериозни забалешки на предлог законот за легализирање на дивоградбите. Дел од нив категорични во своите изјави дека буџетот на обичниот македонски граѓанин не дозволува дополнителни трошоци. Додаваат не се точни тврдењата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски дека давачките за легализација ќе биле минимални.
„Овој закон ваков каков што просто е неизводлив.Социјалниот елемент воопшто не е земен во предвид.Има цели населби овде во Охрид каде ретко кои има платено комуналии.Еве јас земам 7500 денари инвалидска пензија, а треба да платам околу 2000 евра.Кога би издвоил толку пари?Јас со ова не треба да јадам и да пијам 6 години.За да се направи елаборат и да се изврши висинско мерење треба да платам плус 7000 денари, парцелата да се измери исто 7000 денари.Ние со ова ги бркаме и луѓето кои се дојдени од странство да продадат овде се и да заминат надвор“, рече Ташко Веловски
На денешната јавна презентација на предлог законот за легализирање на дивите градби, имаше граѓани кои се посомневаа дека законот ќе профункционира и му порачаа на министерот да ги корегира давачките кои се идентични како и за новоизградените објекти.
Славко Коневски изјави „Со овој предлог закон јас сметам дека геометрите ќе стнат најбогати луѓе во Македонија, затоа што има толку голем број на диво изградени објекти во Македонија.Јас прелдожив цените или да се намалат или да се ограничат или да не постои такво мерење бидејќи тие објекти се изградени пред 30 години и повеќе“.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски рече дека е свесен за тежината на овој закон и на потешкотиите околу спроведувањето на истиот на терен. До февруари законот ќе треба да стапи на сила, додаде Јанакиески.
„Сите овие забелешки јас ќе ги презентирам на седница на влада.Во собранието исто така очекувам една плодна дискусија за подобрување на предлог текстот на овој закон.Наша цел е во 2011 година што е можно поголем број на објекти да се легализираат“
Јанакиевски се осврна и на постапката за легализација на специфичните подрачја како што се Националните паркови, стариот дел на Охрид или на градот Скопје. При тоа напомена кај ваквите случаи при самата постапка општините ќе мора да се обратат до надлежните институции за овие делови од каде треба да добијат одговор дали посочените објекти треба да се легализираат или не. Во Македонија има околу 300 000 диво изградени објекти од кои само во Охрид повеќе од 7000.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град