Сработеното на дело

Општина Охрид ја донесе предновогодишната атмосфера во градов, посебно на плоштадот и дел на крајбрежната линија. Охрид подготвен за новогодишните празници.

 |  Билјана Николовска  | 
Ukraseno za NG
Украсено за НГ

ukrasiЈавните површини и дел од парковите во центрелното градско подрачје во Охрид, веќе блеснаа во новогодишен сјај. Најавите дека годинава градов  скромно ќе се украси за среќа не се реализираа бидејќи градот свети од сите страни. Со право може да се каже дека плоштадот и централното градско подрачје личат на оние во светските метрополи и големите развиени туристички центри. Светлечките црева за декорирање на јавни површини преплетени се во разни бои и од нив направени се интересни мотиви на кои навистина ретко кој останува рамнодушен. Импресиите се најизразени кај децата кои позираат и чекаат ред за фотографирање пред светлечкиот снешко, воз, брод, елка итн. Локалната покажа дека и со старите реквизити може убаво да се украси градот. Голем допринос и заслуга за прекрасниот новогодишен амбиент има и ЈП „Охридски Комуналец“. Тие во рамките на своите активности со свои средства не само што засадија декоративни садници туку и ги осветлија зелените површини, кои се во нивна надлежност, од полукружниот ток на плоштадот па се до кафетеријата „Жиголо“.Првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алче вели дека внимавале на сите детали околу новогодишното осветлување, вклучувајќи го тука и предупредувањето пред сите мотиви дека се под напон. Останува новогодишното осветлување да го погледнат и во него да уживат и посетителите кои ќе престојуваат во градов за време на новогодишните и божиќните празници.
Ukraseno za NG

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top