Хуманитарна акција на плоштад

Организирана хуманитарна акција од страна на  социјал демократската младина локален клуб Охрид.

 |  Наташа Размоска  | 
humanitarna akcija
хуманитарна акција

Во предпразничен дух денес беше организирана хуманитарна акција во сите поголеми градови во нашата земја. Организатор на оваа акција е социјал демократската младина. Граѓаните кои ги затекнавме како донираат новогодишни пакетчиња ги запрашавме што мислат за акциите од ваков карактер.

Оваа акција е организирана со цел новата година да им ја разубавиме на лицата со посебни потреби и деца без родители, вели Игор Јорданов. Сакаме да им покажеме дека не се заборавени и да ги израдуваме со новогодишни пакетчиња. Ова е прва ваква акција откако е тој претседател на социјал демократската младина во Охрид, вели Јорданов. Денешниот хуманитарен настан се одвива во поголемите градови. Акцијата се одвива заедно со црвениот крст на Охрид.  Одзивот на граѓаните досега е голем. Од социјал демокртаската младина најавуваат слични вакви проекти и во иднина.

Ваквите акции се од голема важност бидејќи на лицата со посебни потреби и на децата без родители им даваат надеж дека и на нив мисли некој. Секој ваков настан е добредојден и било каква донација е од голема важност, велат граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top