Груевски ја подготвува јавностa за неуспехот од влезот во ЕУ

„Премиерот Никола Груески се обидува да ги најде виновниците и да објасни зошто Македонија ќе доживее неуспех во однос на прашањето за влез во Европската Унија.“

 |  Валентина Нелоска  | 

„Премиерот Никола Груески се обидува да ги најде виновниците и да објасни зошто Македонија ќе доживее неуспех во однос на прашањето за влез во Европската Унија.“

„Јас пак, се обидувам да го убедам него и сите останати дека ова е периодот во кој што треба да вложиме максимални напори за да  се постигне успехот“, ги  коментира говорите на премиерот кон македонската јавност, претседателот на државата Бранко Црвенкоски.

За демаркацијата на државната граница кон Косово, претседателот Црвенкоски нема информации од Државната комисија за одбележување на границата до каде е постапката, и не знае зошто комисијата не го известува. Сепак смета, дека за неа не би требало да се преговара, туку би требало да се обележи затоа што таа е веќе утврдена. Во спротивно, во иднина би била генератор на конфликти.

Претседателот за синоќешната средба на државниот врв, рече дека немало потреба посебно да ги усогласуваат своите ставови околу името пред заминувањето на Никола Димитров за Њу Јорк, затоа што немало нови ситуации ни предлози. Сепак, не е исклучена можноста  од страна на медијаторот Нимиц, во четврток на преставниците од двете земји да им биде изложен конкретен предлог.

„Во тој случај ќе имаме потреба да го анализираме ставот на Р. Македонија и да направиме координација и усоглсувања“, истакна претседателот Црвенкоски пред охридските новинари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top