Новогодишна атмосфера во Охрид

Празниците почнуваат, сместувачките капацитети сеуште се полнат. Утре е католички Божиќ. Пристигнуваат и првите групи во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Ukraseno za NG
Украсено за НГ

ukrasiПразничната треска веќе започнува. Утре припадниците на католичката вероисповест го слават раѓањето на Исус.По повод католички Божиќ  во охридските хотели пристигнуваат и првите групи на туристи. Најголемиот број се од Грција и Холандија. Нема конкретни божиќни понуди, но поголемиот број од туристи пристигнаа преку организирани тури. За новогодишните празници пак охридските хотелиери спомнуваат 70 па до 100 процентна исполнетост на капацитетите. Најавени се гости од Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Косово…
Понудата на Охридските хотели најчесто вклучува дводневни и тридневни аранжмани за кои гостите ќе треба да издвојат од 100 па до 250 евра. Доколку сакате пак да резервирате само Дочек на Новата година, ќе треба да издвоите од 20 до 40 евра од вашиот буџет. Бројот на домашните туристи во хотелите, e незначителен- велат хотелиерите.Можностите на охриѓани за прослава на најлудата ноќ, повеќе од очигледни.
Понудата разновидна, но останува да видиме колкав број од граѓаните ќе се одлучат „Најлудата вечер во годината“ да ја поминат по Охридските хотели и ресторани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top