Секоја жена сака да изгледа убаво

Средената коса со модерна фризура нераскинлив дел на секоја жена. Каде е фризерскиот занает денес и колкав е интересот за изучување на истиот е сериозно прашање кое последниве години се наметнува како проблем.

 |  Билјана Николовска  | 
frizerski salon
фризерски салон

Занаетот пари вреди. Фризерските салони, сами со своите мајстори. Овој занает, кој нуди можност за добра заработка, во денешно време стагнира. Се помалку во салоните може да се забележат ученици или народски кажано чираци кои имаат афинитет да го изучуваат овој занает. Добрите познавачи на фризерството сметаат дека причината поради видниот недостаток на ученици, лежи во задолжителното средно образование. Евица Попаѓиноска, една од ретките фризери во Струга која има соодветна школа за тоа, се согласува со овој став. Таа вели дека занаетот не треба само да се изучува, туку и да се сака.
Попаѓиноска вели дека секоја година стекнатото искуство и пракса во фризерството мора да се надградува, но сепак од некаде мора да се почне.
„Класиката никогаш не умира и секоја жена сака да биде убаво средена во косата“ рече Попаѓиноска. Тука пред се таа мислеше на она што денес клиентите го бараат од неа.
frizerski salon

Дека фризерството како занает е еден од најкреативните и дека не смее да се дозволи истиот да биде на маргините, на дело видовме во реномираното охридско студио „Арс Нова“. Сопственикот на ова студио Сашко Георгиевски, покрај препознатливиот стил во својата работа, традиционално и годинава ја накити новогодишната елка, која е во стил на занаетот. Витлери, чешли и по некој новогодишен украс се реквизитите на новогодишната елка во студиото. Но ексклузивитетот беше тоа што по прв пат оваа елка наликуваше како да е поставена во безвоздушен простор, што навистина е уникатна и добро осмислена креација на Георгиевски. Коментарот на стилистот Георгиевски за ова негово дело е дека Париз и европската култура, во него секогаш будат чувства и невозможната идеја ја преточува во реална.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top