Лајонсите од ЛК – Охрид, од оваа годна го доделуваат признанието „Горна Порта“. Станува збор за награда која ќе се доделува на поединци, организации или здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман придонеле во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, несебично промовирајќи граѓански вредности. Претседателот на Лајонс клубот „Охрид“ од Охрид, Ангел Јанев вели дека идејата за наградата потекнува од членовите на овој клуб, односно од проект менаџерот Драган Спасески – Охридски, додека името на наградата и го дал лајонистот Драган Гоџо. Што се однесува до високите стандарди кои се поставени со овогодинешниот добитник на признанието, Јанев се надева дека во иднина истите ќе бидат нормални.
Овогодинешен добитник на признанието „Горна Порта“ е музичкиот композитор Љупчо Константинов. Станува збор за личност со импресивно творечко портфолио. Како автор на музика се јавува во играни, документарни и анимирани филмови, голем број телевизиски серии и драми, како и над 90-тина театарски претстави. Константинов, дали како наставник по музичко образование, музички новинар во РТС 1 или музички продуцент во српскиот национален сервис, претставува личност, незаменлив претставник на културата и музиката од Охрид и Македонија. Претседателот на клубот, Јанев вели дека за почеток, ова признание ќе се доделува со дирекно предлагање на членовите од Лајонс клубот, но амбициите се поголеми.
„Идејата е да биде со конкурс, да може да навлезат и други структури, да не бидеме само ние промотори на оваа награда. Сакаме да направиме дистинкција од тековните награди кои се слични, но не се исти, потенцира“, Јанев.
Овогодишното врачување на признанието ќе се одржи за време на четвртиот по ред традиционален хуманитарен новогодишен концерт во организација на ЛК „Охрид“. Хуманитарните средства собрани од концертот ќе бидат наменети за Охридскиот хор, додека средствата собрани од телефонските јавувања, за Здружениоето на лицата со оштетен вид од Охрид.
После минатогодишното а богами и овогодинешното фијаско околу изборот на добитинците на Светиклиментовите награди, а и самиот чин на нивното доделување, востоличувањето на една ваква награда и високите стандарди кои од самиот почеток истата ги наметна претставува вистинско освежување во општествениот и културниот живот во градов, во време кога насекаде се среќаваме со грдото лице на политиката.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град