• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Центарот за култура „Григор Прличев“ успешен во реализацијата на годинeшните проекти

Центарот за култура „Григор Прличев“ успешен во реализацијата на годинeшните проекти

Годината што изминува успешна за центарот за култура „Григор Прличев“. Реализирани планираните проекти и воспоставена континуирана соработка со останатите институции.

 |  Наташа Размоска  | 
centar za kultura Grigor Prlicev
НУ Центар за култура Глигор Прличев

centar za kultura Grigor PrlicevВо годината која изминува НУ Центарот за култура „Григор Прличев“ ги оствари своите поставени цели. Во центарот беа одржани околу 100 настани меѓу кои ликовни уметнички изложби, голем број промоции, премиери на филмски и драмски претстави. Проектите кои беа одобрени во целост се исполнети. Балканскиот фестивал на народни песни и Охридски староградски средби преминуваат  во традиционални манифестации кои предизвикуваат огромен интерес кај публиката. Успешна промоција доживеа и проектот за животот и делото на Александар Македонски за чија реализација задолжена беше Ангелина Маркус. Активности кои ја одбележаа 2010 година се концертот на ансамблот „Танец“, премиера на филмот „Мајки“, изложба на „Железен сон“ на Трајко Дурчовски, ревија на европски и руски филмови, премиера на филмот „ Аватар“, како пролетна и есенска сезона на константни филмови, вели директорката на овој центар Драгана Боцеска. Исто така опфатена беше и најмладата публика со претставата „ Петар Пан“. Новина е охридскиот театар кој имаше премиера на неколку претстави меѓу кои и претставата „Европа“.

Актуелни настани со кои ќе ја заокружиме оваа година се документарниот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски- „ Чистилиште на душата“ чија премиера е токму во овој центар. Овој филм ќе се прикажува на 24, 25, 26 Декември со почеток во 20 часот, а цена на влезниците е 100 денари. На 27 Декември ќе се одржи новогодишен концерт каде како гости се појавуваат балетското студио „Виза ви“ и фолклорниот ансамбл „ Бисери“ кој годинава ја прослави 35 годишнината од своето постоење. На 28 декември концерт ќе има Есма Реџепова, а на 30 декември настанот кој последен но не и помалку важен ќе ја одбележи оваа година е претставата за деца со Дедо Мраз со почеток во 13 часот.
Оваа институција во годинава што изминува се поднови со ново платно, современа опрема, направи реконструкција на салите, како и реновирање на кровот. Вкупниот износ за реализација на овие активности изнесува  приближно 3.000.000 денари. Министерството за култура секогаш излегува во пресрет на овој центар како со средства и опрема така и со промоција, вели директорката. Стремежот и тенденција во 2011 година е да се испромовираат европските филмови, ревија на руски и португалски филмови. Соработката со дистрибутерите е одлична, додава Боцеска. Овој центар е соорганизатор на францускиот фестивал. Од таму најавуваат спектакуларна и специјлна програма за 50 годишнината на „ Балкански Фестивал“ во 2011 година.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top