Им дојде крајот на опасните објекти

Отпочна рушењето на опасните руини во градов. Очигледно, до Секторот за урбанизам допреа бројните укажувања на грѓаните, како и медиумската актуелизација на проблемот од страна на ТВМ.

 |  Билјана Николовска  | 
rushevina
рушевина

Кој чека, ќе дочека. Конечно, долгонајавуваното рушење на небезбедни објекти во грдов отпочна. ТВМ во неколку наврати го актуелизираше овој проблем, кој претставуваше рак рана на општината. Тоа го признаа и од Локалната, поточно од Комуналниот инспекторат, кои во последните изјави за нашиот медиум, се оправдаа дека чекаат налог од Секторот за урбанизам. Налогот за првите 8 ризични објекти, веќе е во рацете на надлежниот инспекторат.
„Овојпат работата ќе ја истераме до крај“, категоричен Танасоски. Тој вели дека нема прогледувње низ прсти, без разлика за кој и да се работи.
Согласно завршената тендерска постапка, од четирите лиценцирани фирми за рушење на објекти избран е Лоте компани, како најповолен и најкомплетенн изведувач, вели Танасоски. Но тој не ја исклучува можноста и останатите фирми во понатамошниот тек на работа, да земат учество. Танасоски првично нема податоци колку чини рушење на еден ризичен објект.
Како и да е важно е дека се почна од некаде. Со овој позитивен и за пофалба чин донекаде се враќа довербата во јавноста дека сепак надлежните институции не се глуви на нивните апели и укажувања.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top