Tропаат за пари на погрешна врата

Охридските пожарникари бараат К-15, но на погрешна адреса. 

 |  Крсте Голабовски  | 
пп возило
пп возило

pozarnaГрупа револтирани припадници на  противпожарната територијална едница, кои сакаа да останат анонимни, се пожалија дека единствено тие биле отстранети од списокот за добивање на овој екстра приход. Нивниот командир Спасе Прентоски пак, вели дека иако уште од 2004-та година противпожарните територијални единици се преземени од страна на општината, нивното финасирање, сеуште го прави некој друг.

„Но финансирањето на противпожарните територијални единици, сеуште го прави државата односно, преку МВР и Министерството за финансии,“ вели Прентоски.

Улогата на Локалната е да изработи финансиски план, вели Прентоски и додава дека досега, немале никакви проблеми со начините на исплата за сите остварени средства по одработени сати. Командирот додава дека дури со влегувањето на Охрид во втората фаза на децентрализација, финансирањето на противпожарната единица ќе се остварува во целост од страна на Локалната. Прентоски вели и дека не е воопшто коректно да се крева фама непотребно, и додава дека досега општината никогаш за ништо не заборавила на нив.

Командирот Прентоски изјави дека станува збор за претенциозно ширење на дезинформации од страна на одредени вработени и додава дека доколку се утврдат виновниците, против нив ќе следат соодветни санкции.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top