На прашањата наменети за Завод и музеј одговараше претставникот од Завод и музеј Горан Патчев. „Локаланата манипулира со граѓаните, кај што им одговара е запазена постапката, а кај што не им одговара не се почитува законот“, рече Патчев. Тој додаде дека завод и музеј дале зелено партерно уредување кај летница и изградба на црквата Св Димитрија, која во овој план ја нема. Тој додаде дека не може да се дозволи првата линија кај кејот да биде со огромни отстапки во висина.
Еден од засегнатите со нацрт планот Табана беше и Андон Бојаџи. Тој потенцираше дека со проширувањето на Рибниот ресторан према југ, а Капетанијата према север и крвањето на овој кмплекс за уште еден кат на неговата куќа, комплетно се затвааат прозорите.
Со ова се сложи и градоначалникот кој истакна дека ни во работна верзија не смаа да има ваква грешка и при тоа додаде дека мора да биде исправена.
Граѓаните побараа објаснување и од локалната и од Завод и музеј и за просторот кај старата библиотека. Граѓаните кои имаа таму куќи, побараа објаснување зошто овие објекти ќе се рушат.
Одговорот им го даде претставникот од завод и музеј, кој рече „според археолошките истражувања интенција е да се отстранат две куќи, а објектите ќе бидат предмет на обештетување.
И сопствениците кои го имаа повратено имотот кај палас со законот за денеционализација, побараа објаснување, зошто по 9 години макотрпна борба со институциите за повраќање на имотот, на истиот не е зацртан објект, поточно хотелот Турист кој своевремено бил одбележје на Охрид. наместо тоа на оваа локлација имало зацртано само неколку дрвца. „Немојте да си играте со човечки судбини , со едн потег ми одзедовте 9 години од животот, вели сопственикот на добиеното земјиште.
Арнаудов на ова одговори дека секторот за урбанизам не си зел за право да уцрта на оваа локација објект, затоа што постапува по решението кое на 16.12. 2009 год. им го доставило министрвото за култура, и со кое комплексот палас го стави во привремена заштита.
Претставникот на завод и музеј истакна дека опфатот не треба да биде предмет на расправа на нацрт планот, туку тоа да се решава во друга постапка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град