Во Буџетот на општината за 2011 година проектиран на 13 милиони евра, од кои 7 милиони евра се од блок дотации по одделни намени, нема програма за капитални инвестиции. Најголемата ставка на буџетот, покрај ставката за плати на администрацијата во висина од 435 милиони денари, е изградбата и реконструкција на локалните патишта која изнесува 40 милиони денари. Дел од советниците искажаа забелешки во однос на минатогодишната програма колку е таа досега успешно реализирана.
„Не сме разговарале за извршените работи по оваа програми што е направено во Струга и колку општината е успешна. Гледајќи ја Програмата за реконструкција на улици и патишта за идната година, 80 посто се повторува од 2010 година“, истакна советникот Илија Мацески.
Советниците го одложија зголемувањето на комуналните такси за уредување на градежно земјиште во селските населби, кое беше предлог новина во развојната програма на општина Струга за идната година. Се одложија и предлог одлуките за јавна чистота и одбележување на значајни настани и личности од нашето историско минато. Дел од советниците на самиот старт од седницата побараа да се повлече и точката за зголемување на цената на вода за пиење. Но, и покрај се советниците дебатираа дали стружани ќе добија новогодишна честитка, повисока цена на водата за пиење од 20 посто, односно од досегашните 25 денари за метар кубен да плаќаат 30 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град