За првпат годинава во Охрид и Македонија одбележан меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Годинава невладината организација за прв пат го одбележа „Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници“. Од ХОПС спроведоа низа активности со цел луѓето да се запознаат со неправдите кои ги пратат сексуалните работници.
„НВО ХОПС не располага со податок колку вкупно сексуални работници има во Охрид, затоа што како што велат тие не ги регистрираат, туку овие работници само ги бележат со симбол“, вели Јулијана Настоска – социјален работник НВО ХОПС.
Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници, за прв пат започна да се одбележува во 2003 год. во Америка и тоа благодарение на др.Ени Спринкл. Во Македонија овој ден се одбележува за прв пат. Симбол е црвениот чадор. Црвената боја е одбележје на убавината, а чадорот претставува заштита и отпор од сите човекови неправди, стигмата и предрасудите со кои се соочуваат овие работници. Во Македонија, како и низ светот, сексуалните работници се наоѓаат на маргините од општеството изложени на предрасуди, дискриминација, и насилство.`
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град