Супер оптимистички буџет за 2011

Буџетот на општина Охрид вртоглаво расте. За годината што следува тој ќе изнесува околу 977.061.000 милиони денари или околу 15 милиони евра.

 |  Валентина Неловска  | 
presmetka
пресметкА

Буџетот на општина Охрид вртоглаво расте. За годината што следува тој ќе изнесува околу 977.061.000 милиони денари или околу 15 милиони евра. Приоритети на општината со вака проектиран буџет се зголемување на на ефикаснсоат на локалната администарција, насочување на средства во комуналната проблемтика и инфрстаруктура, воспоставување на систем за транспарентност и отчетност на трошење на буџетски средства , неизбежното намалување на задолженоста н а општината и што е за големо поздравување, доклку се реализра, поголема  ангажираност на администрацијата  кон оствраување на приоходи пооснов на проекти од меѓунароидни и други  финсиски  институции.

budget

Најголем потрошувач на средставата од буџетот на општина Охрид е секторот за урбанизам. Погоелмиот дел од  програмите предвидени во нацрт фискалната стратегија за 2011 се од овој сектор. Секторот за урбанизам е најголем потрошувач, но преку него доаѓа и најголемиот прилив на средства во општинската каса. На пример овој сектор предвидува годинава за изградба на фекална и атмосферска каналзиација да потроиши 44 милиони денари, а за изградба и реконструкција на  системот за водоснабдување да  се потрошат 51 милион денари.  

Секторот Тлер, традиционално, е веднаш по сектрот за урбанизам со своите побарувања.Оваа година ќе бидат задоволни со 18 милиони денари. Скромни средства за спортот 12 милиони денари , споредено со средставта за  сообраќајна сигнаслизација кој  котира со високи 7 милиони денари. Програмите за развој на секторите се обемни, цифрите различни, но пред да дојдат до советениците кои треба да го кажаат последниот збор, граѓаните имаат можност на утрешната јавна расправа да ги разгледаат и да го кажата своето мислење.
Инаку, Фискалната стратегија е основен развоен годишен документ на општината, кој ги дефинира:  годишната фискална политика, годишното финансиско планирање, управување и контрола, како и распределба на средства за реализација на усвоените програми, капитални вложувања и тековно оперативни трошоци.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top