Охридското езеро интересно и за Австралиските научни работници

Тие ќе помагаат во неговата заштита и решавање на проблемот со евентуалниот недостаток на кислород во долните слоеви на езерото.

 |  Наташа Размоска  | 
sorabotka
соработка

sorabotkaАвстралија ќе помага во решавањето на проблемите со Охридското Езеро. Станува збор за појавата на евентуален недостаток на кислород во долните слоеви од езерото. Заедничката соработка беше договорена при посетата на австралиската амбасадорка Хелена Студерт на Хидробиолошкиот институт од Охрид. На ваков начин се отвораат нови можности за соработка со сродни светски институти, вели Зоран Спирковски, раководител на Одделот за применето рибарство и аквакултура. За таа цел остварен е и контакт со професорот Јорк Инбергер од Научниот истражувачки центар во Западна Австралија.  Овој заеднички проект е многу значаен за решавање на проблемот кој е алармантен, вели Спирковски.
Тој појасна дека проблемот со недостатокот на кислород е детектиран во 1989 година во Преспанското Езеро и има големи шанси да се појави и во Охридското Езеро.
До остварување на оваа средба дојде со посредство на почесниот конзул на австралиската амбасада, Зоран Костовски. Ова е прва соработка на Хидробиолошкиот институт со Научниот институт од Австралија. Охридскиот институт веќе 80 години се занимава со проучување и решавање на проблемите со слаткводните басени, додека научниот институт од Австралија со истото се занимава веќе 50 години. Со заедничкиот проект помеѓу двата институти се овозможува запазување на флората и фауната во Охридското и Преспанското Езеро и преземање на превентивни мерки. Охридското Езеро е едно од најпознатите во научната дејност поради своите ендемски видови. Доколку не се реши навреме проблемот од евентуален недостаток на кислород во долните слоеви на езерото, на ендемските видови им се заканува опасност од изумирање. Насоките на оваа соработка се со цел да се основа институт на светско ниво. Целта на овој институт ќе биде решавање на проблемите во слатководните басени.
ambasadorka poribuvanje
Австралиската амбасадорка е импресионирана од убавините на нашето езеро и безусловно ги поддржува заложбите на институтот. Извршено беше и порибување со подмладок од пастрмка. Со тоа на симболичен начин амбасадорката стави свој потпис за помош и заштита на Охридското езеро кој ќе се реализира преку размена на кадри и најнова технологија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top