Започнува основањето на УЗ. Тие во општините се основаат согласно законската регулатива и законот за локална самоуправа. Облиците на месна самоуправа според законот во општините се дефинирани во два облици. Првиот е во градското порачје и тие се урбани заедници, а во селските подрачја остануваат месни заедници. „Оснивањето на облиците на месна самоуправа се врши на собир на граѓани кој го опфаќа конкретната заедница“, вели секретарот на локланата самоуправа Димитија Вревезовски.
„ Границите се дефинирани на урбаните заедници со генералниот урбанистички план. На состаноци на УЗ ќе се расправа за прашања од интерес на животот и работата на граѓаните, поконкретно за комуналната инфраструктура, делот за животна средина, уредување на просторот“, вели секретар на локална самоуправа, Димитрија Вревезовски.
Првата средба на граѓани се одржува вечерва, а сите зацртани 18 урбани заедници, според генералниот урбанистчки план за нашата општина треба да бидат основани во следниве 16 дена. Секретарот на општина Охрид – Димитрија Вревезовски, вели дека основање на заедниците кои според законот за локалана самоуправа на некој начин се замена за месните задници започнува вечерва со собирот на граѓани за Урбана заедница 9.
По формирањето на УЗ граѓаните на состанок ќе одлучат кој ќе биде органот на УЗ во советот кој може да брои од 3 до 7 члена, кои ќе се бираат во втората фаза, поточно на состанок на кој треба да присуствуваат најмалаку 3 % од жителите на тоа подрачје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град