Основците од ОУ Ј.Б. Тито во Европски проект

ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, по втор зема учество во проект на Академијата на Централни Европски училишта. Со тоа ова училиште се промовира во Европа, што секако не е за занемарување, бидејќи тоа  претставува огромен придонес не смо за Струга туку и за државава воопшто.

 |  Билјана Николовска  | 
ucenicki
ученички

За успешните надалеку се слуша. Овој епитет го понесе ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, бидејќи после неколку години работа ова училиште зеде учество во проект на Академијата на централни европски училишта. Таа секоја година објавува различи теми за обработка, годинава тема е ненасилството и реализација на активности во таа насока. Маргарита Ничевска, наставник по информатика од ова училиште, вели дека преку оваа тема ќе се иницира решавање на проблемите во училиштата, во околината, во семејствата и насекаде каде се случуваат конфликти. Таа посочи дел од нивните активности.
Ничевска потенцира оти учеството во овој европски проект, со себе повлекува големи придобивки за училиштето. Додаде дека ова пред се е заслуга на директорот на училиштето.
Учениците кои се дел од проектот, преку интерактивна работа одлично се вклопиле во работната атмосфера. Тие се запознаа со нивните соученици од Албанија и Романија, бидејќи еден од условите за учество во овој проeкт се и взаемните посети. Во Струга деновиве на гости се ученици од овие земји, кои веќе ги надминуваат јазичните бариери.
Активностите кои се дел од проектот на Академијата на централни европски училишта започнаа на 1 ви октомври, а ќе траат до 15 март наредната година. Наставничкиот тим кој работи на овој проект смета дека ретко кое училиште во државава успева да е дел од големите европски проекти бидејќи 45 проекти биле предвидени за 15 земји од Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top