ДПА на помош

Пожарот кој се случи на 13 декември годинава, во кој изгореа три куќи во струшкото село Калишта ги разбранува политичките страсти во Струга. Тие денес ем реагираат, ем нудат помош.

 |  Билјана Николовска  | 
pozar
пожар

DPA presЕлементарните непогоди несериозно сватени од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Вакви обвинувања упатија денес од ДПА, по повод пожарот кој пред два дена се случи во струшкото село Калишта, во кој изгореа три куќи. Несериозноста на пристапот на службите кои се под капа на Локалната самоуправа уште еднаш се покажаа како недоветни вели Љуљзиме Зулали советник на ДПА. Таа додава дека ова е уште еден доказ со кој се потврдуваат тврдењата на ДПА во Струга, за хаосот кој го ствараат ДУИ и градоначалникот.
„Вчера од граѓаните на Калишта слушнавме дека на противпожарната единица и требало повеќе од еден час да пристигнат до Клаишта, населба која не е подалеку од 3 километри од градот Струга. Се поставува прашањето, колку време им треба на истите да пристигнат во Мислодежда, Лабуништа, Делогожда, Велешта и други поодалечени населени места, НАЈВЕРОЈАТНО никогаш“, вели Зулали
Зулали рече дека противпожарната единица во Струга е во катастрофално незавидна состојба, во поглед на опрема кадар и се што е потребно за нормално да делуваат. Таа рече дека доколку градоначалникот има добра воља и одвои 10% од средствата одобрени од буџетот за 2010 за репрезентација, ги намени за противпожарната единица, во голема мерка ќе се редуцираат големите катастрофи.
„Ова е веќе втор мандат на градоначалникот Мерко и сеуште ништо не е сторено за соодветно екипирање и снабдување на оваа единица со потребната опрема. Во буџетот за 2010 год, Мерко предвидените и од неговата гласачка машинерија советниците на ДУИ и Нова Демократија одобрени околу 100 000 евра за репрезентација односно ручеци и вечери за него, што му доаѓа приближно околу 300 евра на ден, додека неговиот личен буџет каде е пресметан и неговиот личен доход околу 270 000евра или вкупно 370 000 евра во годината само за Р. Мерко“.
Грижата на граѓаните треба да им биде приоритет како на општината така и на Владата, вели Зулали. ДПА за овој случај изрази искрено жалење за тие семејства и веќе повикува на вонредна седница на која би требало да се донесе одлука за доделување на финансиски средства на погодените семејства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top