Која е границата?

Институциите и медиумите од ден на ден се помалку водат сметка за заштитата на личните податоци.

 |  Крсте Голабовски  | 
licni podatoci i internet
лични податоци и интернет

licni podatoci i internetПравото на заштита на личните податоци често пати се опишува како еден од аспектите на правото на приватност. Но, медиумите во немилосрдната трка за ексклузивна приказна, а и самите институции мислејќи дека работат за јавен интерес, се помалку внимаваат на заштитата на личните податоци. Не се поштедени ниту малолетниците, жртви на било кој вид насилство, ниту обвинетите кај кои сеуште не е докажана вината. Како да се заборава на правото на презумпција на невинист, вели Горан Момироски, сопственик на првиот електронски медиум во градов, „ Ohridnews “. Тој додава дека Законот за заштита на личните податоци е целосно усогласен со европската регулатива и е јасен и дециден. Но, колку од овој закон се почитува од страна на медиумите и институциите, е тоа е веќе друга приказна.

„Законот е јасен и дециден, а кој колку го почитува тоа е индивидуално за секоја медиумска куќа. МОжам да кажам за нашата дека максимално се трудиме да го заштитиме идентитетот на жртвите на било кој вид насилство, додека информациите поврзами со кривичните дела ги објавуваме онака како ги добиваме од СВР, т.е со иницијали“, вели Момировски.

direkcija

Од Дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека сексуалните, политичките и религиските податоци се многу чувствителни и не смееат да се обработуваат, освен ако самите единки дадат согласност за тоа или обработувачите се овластени со закон. Отаму работат на новитет, во сите институции да бидат назначени офицери за заштита на податоците. Правото на приватност на поединецот, во однос на податоците му припаѓа единствено на поединецот, и поради тоа го прави уште поранлив. Едно е да се објави сензационална вест, но човечките права се загарантирани со Устав и сите може да се најдеме од другата страна на медалот. Момироски вели дека мора да се почитува законот и да се заштитат правата на сите, посебно на малолетниците и оние кај кои вината сеуште не е докажана, но не смее да се загрози и слободниот тек на информациите.
„Сметам дека критериумите се спуштени мнгу. Вината ја сносиме сите ние кои го креираме јавното мислење и крајно време е иако за ова се говори одамна, се тоа да престане, да се почитуваат законите, новинарскиот кодекс, моралните вредности, кои сметам дека во глема мерка се изместени“, потенцира Момировски.
За масовното објавување на фотографии на друштвените интернет страници, од Дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека главно е дали првото објавување на фотографијата е законско. Ако се работи за јавен интерес, медиумите имаат право за реобјавување на фотографијата. Според нив, ова прашање е многу контроверзно и нема конкретен одговор. Тие велат дека многу од овие дискусии завршуваат на суд, бидејќи тешко е да се разграничи кога некој има право на нечија фоторграфија. Во 2010 година во Република Македонија се направени последните измени на Законот за заштита на личните податоци, со што субјектот го има последниот збор, односно само со негова согласност податоците може да бидат обработени.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top