Граѓани плаќаат сметка за услуга што не ја користат. Вака реагираат дел од граѓаните кои не се приклучени на сиситемот за каналаизација, а се затекнати од новата давачка кон ЈП Нискоградба. Се жалат на новите сметки за канализација или по ново одведување на отпадни води дека плаќаат услуга која не ја користат. Даваат пари за канализација, а користат септички јами. Од ЈП Нискоградба признаваат дека има случаи кога граѓани до нив пријавуваат вакви неправилности. Објаснуваат дека податоците за корисниците се автоматски преземени од МЈП Проаква. „Доколку има пропусти граѓаните треба да се јават во ЈП, а сметките ќе им бидат сторнирани. Доколку не користат услуга не треба да плаќаат надоместок на вода “ вели Цветкоски.
Со сметките на ЈП Нискоградба на површина испловија и ваквите пропусти со канализационите приклучоци. Од ЈП веќе формирале Комисија која на терен ќе ја утврдува фактичката состојба. Директорот на Нискоградба, Владо Цветкоски информира дека во престојниот период приоритет ќе им биде решавање на овие проблеми и приклучување на сите домаќинства на системот за одведување на отпадни води.„Такви има случаи има во дел на Велгошти, Лескоец, Пештани, Воска, Лескајца па дури и во централното градско подрачје“.
Досега 95 проценти од териотријата на општина Охрид е покриена со канализационен ситем, а 25 посто од нејзината површината пак е опфатена со системот за атмосферски води.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град