Пациeнтка со инфицирана рана жртва на лекарско препукување

Во Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија.

 |  Валентина Неловска  | 
Opshta bolnica Ohrid
Општа болница Охрид

Opshta bolnica OhridВо Охридската општа болница три часа траела драмата на пациентката  Ленче Атанасоска, која со инфицирана рана на раката требало да прими инфузија. Атанасоска со уреден упат од матичниот лекар била испратена на хируршкото одделение заради тежината на повредата,  да даде мислење специјалист хирург. Хирургот д-р Никола Симоноски како  што тврди Атанасоска ја прегледал и препишал терапија  која требало да ја прими преку инфузија. По укажување на матичната лекарка терапијата  можела  да ја прими само во дневната амбулната при општа болница. Атансоска вели тука и започнал  проблемот. Докторот Томе Цуцулоски  и кажал дека инфузијата треба да ја прими на хируршкото  одделение бидејчи дијагнозата е од тоа одделение, нагласува Атанасоска.
AtanasoskaСо болна и отечена рака таа вели  не и преостанало ништо друго туку во амбулантата да го чека хирургот на смена, за кој никој не знаел каде е и кога ќе се врати.
„ По два часа хирургот дојде и ми кажа дека нема да ми даде инфузија, тој бил за оперирање, а не за давање инфузии. На прашањето кое е моето право, како и на укажувањето дека ќе ги барам моите права, ми кажа дека слободно можам да се обратам и до министерот“, вели револтирано Атанасоска.   
Таа по втор пат се вратила во дневната амбуланта кај интернистот. По три часа чекање, со двојно отечена рака и силни болки вели доживеала нервен слом. Почнав да фрлам предмети околку мене и да се однесувам недолично кажува таа, по што интернистот се смилува и ми ја даде инфузијата со потребната терапија.  
„ Немам право, но ќе ти ја дадам инфузијата затоа што сакам да ти помогнам“,  кажува Атанасоска за лекарот интернист.
Лекарската помош која можеше да заврши за еден час ја добив по 7 часа вели Атанасоска видно вознемирена и по два дена од непријатниот настан. Одговор за случајот побаравме во општа болница. Од таму кажаа дека не се запознаети со случајот, но дека ќе испитаат што се случило. Кратко одговорија дека пациентката треба да поднесе писмена изјава до директорот кој ќе ја разгледа ситуацијата.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top