Струшкото комунално претпријатие ќе добие современа машинерија за чистење на сметот

Италијанска компанија е заинтересирана да вложува во Струга, за рециклирање на отпадот.

 |  Билјана Ќосеска  | 

Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга, уште сега се подготвува за следната туристичка сезона. Интензивно се преговара со италијанска компанија која е заинтересирана и сериозно ангажирана за вложување во градот за рециклирање на отпадот. Истата таа компанија на Струга ќе и донира 3 моторни возила како и други машинерии за собирање и пренесување на сметот.

„Оваа донација ќе ни биде од голема корист а истовремено ќе ни ја олесни и нашата работа. Иако секоја година во програмата на претпријатието е предвидено  да се набават машини, сепак средствата се проблем“- истакна Ваљон Џила, директор на ЈП.Комунално.

Тој  вели дека на 28-ми овој месец, делегација од Струга треба да се сретне со италјанците, за да се  прецизира кога и колку средства ќе бидат наменети за потребите на градот. Очекува, машинеријата  да пристигне во Струга, во текот на следниот месец. Од друга страна пак, за хигиената да биде на уште повисоко ниво, од страна на USAID, на претпријатието неодамна му се донирани мали корпи за отпадоци како и контејнери.

„Од USAID ни дадоа 100 мали корпи од кои веќе триесетибна се веќе поставени на клучните места во градот. Исто така добивме и и триесет контејнери за рециклирање на отпадот, додаде Џила.

Директорот на Комунално  вели дека во иднина се планираат да се донесат уште донации. Додава дека пред се треба да се подигне свеста кај граѓаните за на тој начин да се зачуваат корпите, но и контејнерите.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top