Се одржа Свечената академија по повод патронот на градот Св. Климент Охридски

Дел од наградите врачени, а дел и останаа на Комисијата за награди и признанија.

 |  Билјана Николовска  | 
Nagradi
награди

Arnaudov BogojavlenieСиноќа во полупразната сала Билјана во хотелот „Метропол“, во Охрид, се одржа Свечената академија по повод патронот на градот Св. Климент Охридски. Овој општествен настан кој претставува најсвечен чин за нашиот град, беше отворен со прекрасната изведба на државната химна од страна на хорот при ОСУ „Св Климент Охридски“. присутните со пригоден говор ги поздрави градоначалникот Александар Петрески. Тој потсети дека делото на Св Климент Охридски треба да е пред сите нас, а посебно неговите пораки, кои се клуч на распознавање.  
Традиционално на Свечената академија Комисијата за награди и признанија го врачи и највисокото општинско признание Светиклиментовата награда, и повелбите. Годинава наградата рамноправно ја поделија Н.У. фестивал „Охридско лето“, здружението на граѓани „Богојавление“ и Велија Рамковски. Velija RamkovskiПретседателката на Комисијата Виолета Мицковски уште еднаш образложи зошто се одлучиле токму за овие добитници. Како што најави УО на фестивалот Охридско лето од оваа институција немаше претставник и наградата не беше врачена. Но годинава премиерно, наместо во името на добитниците да се обрати еден претставник, како што тоа беше практика минатите години, овој пат тоа го направија сите добитници, освен соопругата на покојниот Никола Манески, кој што постхумно доби повелба. Со мал вовед за неговата биографија прв се обрати Велија Рамковски, кој вети дека остатокот на животот ќе го посветел на афирмација на Охрид и регионот. Не кажа дали афирмацијата ќе ја прави преку земјоделието, бидејќи во оваа стопанска гранка има најмногу искуство.
Љупчо Арнаудов како претседател на здружението „Богојавление“ уште еднаш потсети дека наградата им ја додели Советот на општина Охрид, а не Локалната самоуправа. Се заблагодари во име на сите членови на „Богојавление“.
Младата и надежна поетеса Христина Аслимоска која ја понесе Светиклиментовата повелба, се заблагодари за укажаната доверба и рече дека ова општинско признание за неа е голем предизвик и мотив за понатамошно докажување.
На Свечената академија со свој настап зедоа учество децата од ОУ „Св. Климент Охридски“, и од градинката „Јасна Ристеска“. Академијата заврши со концертот на мандолинскиот оркестар од Скопје, под водство на диригентот Рамадан Шукри.

nagradeni

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top