Четириесет години научно-истражувачка и образовна дејност. Денес оваа виско образовна институција со гордост може да каже, дека е интегрален дел од една традиција, да делува во градот на УНЕСКО и градот на писменоста, рече деканот на факултетот Проф. Д-р Сашо Коруноски. Деканот Коруноски додаде дека извонредните кадри со кои творат во оваа институција се свесни за тоа дека мора да бидат достојни на оние чии наследници се.
„Развојот несекогаш е праволиниски. Има подобри времиња, некогаш полоши. Се трудиме секогаш да бидеме достојни на аманетот на Св.Климент и да продолжиме да образуваме кадри онака како тој што правел, кажа Коруноски.
Деканот истакна дека Вишата Угостителско-туристичка школа формирана во 1970 година започнала со работа со само еден доктор на науки, за да прерасне во образовна установа со 36 доктори на науки на различни научни полиња. Денес,студиските програми им овозможуваат на студентите да се ориентираат за профилите од областа на туризмот, хотелиерството, гастрономијата, осигурувањето, царината и шпедицијата и новата насока исхрана и диететика. Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Проф.Д-р Златко Жоглев, се осврна на значењето кое овој факлутет го има, во рамките на универзитетот.
„ Сметам дека 40 г се голем јубилеј, десет години е постар факултетот од самиот унивесзитет чијшто дел е и смепосебно благодарни за целокупниот придонес на факултетот кој даде два ректори, изтакна Жоглев.
Во склоп на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, 40 години наназад функционира Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Во периодот на неговото егзистирање, се формирани различните студиски насоки и профили. Од учебната 2006/2007 година факултетот стана дел од Европскиот Кредит трансфер систем на трансформирање на студиите. Еден од постарите редовни професори во оваа институција, Проф.Д-р Науме Мариноски истакна дека основањето на оваа институција претставуваше пионерско втемелување на високо образование од областа на туризмот и угостителството во РМ.Оваа стопанска гранка која е современа проблематика во светски рамки, пред формирањето на ФТУ, се изучуваше сегментирано, на повеќе факултети, додаде Мариноски. Додаде дека е среќен што е дел од една ваква институција.
„ФТУ е една од најпрестижните институции не само на Балканот туку и пошироко. Направете анализа и ќе видите дека имавме голема среќа да бидеме дел од конституцијата на ваква институција“, истакна Мриноски.
Изработена е и современа монографија во чија изработка учествуваа сите професори и соработници од оваа институција.На свеченоста по повод јубилејот присутвуваа евроамбасадорот во Република Македонија Ерван Фуере, амбасадорот на Република Словенија Ален Бергант, Златко Жоглев, ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, државниот секретар за туризам при Министерството за економија Хазари Шовкет, градоначалникот Александар Петрески, декани на повеќе високообразовни институции во земјата, професори, угледни личности од јавниот и политичкиот живот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град