Новиот објект целосно ќе го задржи својот лик како надворешно, така и внатрешно. Зафатите треба да завршат до почетокот на наредната летна сезона.
Започна рушењето на куќата на Уранија. Работите ќе се одвиваат во три фази. Денес започна првата од нив, во која е предвидено демонтирање на кровот и на првиот и вториот кат. Оваа фаза треба да заврши до крајот на септември. Градбата ќе се руши до ниво на камените ѕидови на кои ќе се врши санација. Предвидено е и статичко зајакнување на куќата.
„Во претходниов период извршено е демонтирање на сите вредни елементи од ентериерот на куќата кои се заштитени на соодветен начин“, вели Тања паскали бунташеска, директорката на Завод и музеј.
„Таваните се извадени, конзервирани и ставени во депо. Во ентериерот на новиот објект ќе бидат запазени сите елементи како и во досегашниот. Повторно ќе можат да се видат чичеклаците, огништата, а ќе бидат направени и дрвени опшивки на ѕидовите. Со еден збор 99 % ентериерот ќе биде ист како досега“, додава Бунташеска. Единствена новина е изградбата на современ лифт кој ќе ги поврзува сите спратови со дворот на објектот кој се наоѓа од јужната страна кон езерото.
Инаку, потребата од започнување со вакви зафати на куќата на Уранија се наметна после повеќе направени елаборати, во кои се утврди дека статиката на објектот во голема мерка е нарушена.
Зафатите околу куќата на Уранија треба да завршат до почетокот на наредната летна сезона, а трошоците целосно ги покрива Министерството за култуара.
Завод и музеј по завршувањето на работите, објектот ќе и го предаде на Македонската академија на науки и уметности, во чија сопственост и сега се наоѓа. Академијата одлучува за што понатаму ќе се користи овој култирен споменик.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град