Пумпната станица „Струга 3“, деновиве претрпе голема хаварија. Два дена оваа пумпа беше вон функција поради оштетување на електроопремата и апаратурата на овој објект заради висок напон. Имено, се работи за објектот во општина Струга кој работи во рамките на МЈП „Проаква“, Р.Е. Колектор. Директорот на овој дел, Ваит Ајро, вината ја лоцира кај ЕВН Скопје. Тој рече дека поради нефункционирање на овој објект постои сериозна закана од еколошка катастрофа на езерото, поради дирекно влевање на големи количини фекалии во него. Ајро додаде дека во денешно време недозволиво е да ни се случуваат вакви несакани работи, за кои причина е човек фактор.
„Еколошка катастрофа ни се случува секој ден“, дециден Ајро. Тој рече дека веќе неколку пати укажува на овој проблем. Директорот потенцира дека многу фактори директно влијаат на работата на колекторскиот систем, дури и го блокираат за да може тој целосно да функционираа.
Наспроти ваквите тврдења на директорот Ајро, портпаролот на ЕВН Скопје, Атанас Ковачески за ТВМ изјави дека веднаш е реагирано од нивна страна за санирање на проблемот и ставање во функција на електро апаратите. Тој рече дека според кажувањата на инжењерите кои ЕВН ги пратила на терен, многу малку било потребно за да дојде до еколошка катастрофа, но за среќа истата е одбегната. Ајро пак тврди дека оваа хаварија сепак оставила негативни последици врз езерската вода. Пумпната станица „Струга 3“ е објект кој ги соединува Источниот и Западниот дел на колекторскиот систем. Под висок ризик од откажување се уште 12 пумпни станици на Р.Е. Колектор. Ајро не ја исклучува можноста дека една од причините заради кои се случуваат хаварии со катастрофални последици е и дотрајаноста на цевките.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град