Литургија во спомен на Свети Климент Охридски

Со свечена литургија во црковниот храм Св.Климент и Пантелејмон на Плаошник  се одбележа споменот на патронoт и заштитник на Охрид, Свети Климент Охридски Чудотворец.

 |  Валентина Неловска  | 
Sveti Kliment Ohridski
Свети Климент Охридски

Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија.  По смртта на Свети Методиј на почетокот на 886 година, Свети Климент, Свети Наум и Свети Ангелариј доаѓаат во Охрид. Тука ја основа познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3500 ученици за црковна богослужба.
Свети Климент покрај црковната и педагошката дејност се занимавал и со преведување. „Панонски легенди“,познати како житијата на Кирил и Методиј,  најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа се негово дело. Напишал и поуки за големите христијански празници, за  апостолите и мачениците како и пофални слова за христијански светители. Се упокоил во 916 година и бил закопан во гробот што го ископал со сопствени раце во црквата посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top